„Нашиот народ од секогаш градел. Верувајќи дека градејќи за Бога, гради и за себе. Гради за своето опстојување, и за својот духовен и национален идентитет. Нашиот народ градел светлини, зашто во духовноста ја гледал сета своја слобода. Нашиот народ градел за Бога, зашто верувал дека нема преобразување, нема облагородување и нема збогарување на духовниот живот без храм, без дом Божји и без место за постојано сретение со Господа. И семејството ...
Ктиторска траекторија – од вклесаниот белег во Лесново во 1899 година до камен-темелникот на „Свети Пантелејмон“ во Суитлак Во населбата Суитлак во Штип, на 30 мај свечено беше поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Пантелејмон“. Настанот не беше само градежен чин, туку вистински духовен празник, обележан со молитви, благослови и со длабока симболика која ја надминува материјалната градба. Со присуството на свештенството, верниците ...

