Невремето што од утрово ја зафати Грција донесе обилни врнежи од дожд и грмежи, снег и во места со ниска надморска височина, како и силен ветер, поради што во повеќе делови на земјата се затворени училиштата, испратени се предупредувачки пораки до граѓаните, а на атинските пристаништа е воведена забрана за пловидба, јави дописничката на МИА од Атина. Поради сериозноста на временските услови, уште вчера беа одржани состаноци во Министерството ...
Силно невреме се очекува денеска да ја зафати јужна Грција, па поради тоа ќе бидат затворени сите јавни и приватни основни и средни училишта, како мерка на претпазливост. Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за силен дожд и грмотевици во централна и јужна Грција, локално обилни врнежи од снег во планинските области на Тесалија и Северна Грција. Се очекува бурите да се интензивираат во источен и јужен Пелопонез, Атика, и ...

