Партизан ја победи Црвена Звезда и на вториот меѓусебен дуел во полуфиналето на АБА лигата и со „брејк“ (78:89) го елиминира најголемиот ривал во регионалната кошаркарска лига. „Црно-белите“ доминираа во текот на целиот натпревар во „Пионир“ и без никаков проблем ја обезбедија втората победа во полуфиналната серија, зголемувајќи ја актуелната криза на „црвено-белата“ страна на Белград. Фернандо со 19 и Осетковски со 17 поени беа најефикасни ...

Партизан се пласираше во финалето на АБА-лигата, откако и во вториот натпревар од полуфиналната серија славеше против Црвена Звезда, овојпат на гостински терен со резултат 78-89. Со оваа победа, избраниците на тренерот на Партизан без поголеми проблеми ја затворија серијата и заслужено обезбедија место во големото финале, каде ќе го чекаат победникот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност. Најефикасен во победничкиот состав беше Бруно Фернандо со ...