Вечерва сите натпревари во Евролигаша почнаа со минута молк поради смрта на легендарниот кошаркарски стратег Душко Вујошевиќ. Вечерва во белградска Арена од него се простија и кошаркарскиот клуб Партизан и навивачите на белградските „црно-бели“. Во пресрет на натпреварот со Жалгирис во претпоследното коло од Евролигата, целата Арена му оддаде почит на тренерот со најмногу трофеи, кој почина на 68-годишна возраст. View this post on Instagram ...

Пред арената во текот на денот беше отворена и книга на жалост, а навивачите ќе можат да се потпишат во сабота од 11 до 16 часот. Целата Арена пред натпреварот против Жалгирис, во претпоследното коло од Евролигата, му оддаде почит на најтрофејниот тренер на црно-белите. По претставувањето на играчите, на големото платно беше прикажан краток филм за Душко Вујошевиќ. Во тој момент, навивачите ја осветлија најголемата сала во Србија. Сè ...