Превц во финалната серија скокна 245,5 метри, што беше нов рекорд. Словенецот претходно имаше одличен обид од 238 метри во првата серија. Сепак, вистинската експлозија следеше во втората, кога го надмина досегашниот рекорд на својот брат Петер Превц за 1,5 метри и го симна од врвот резултатот стар една деценија. Со овој лет, Домен уште еднаш потврди дека е еден од најдоминантните ски-скокачи во Светскиот куп, а за него ова беше шеста победа ...
Домен Превц уште еднаш покажа зошто важи за најдобар ски-скокач на денешницата откако Словенецот стигна до уште една победа во Светскиот куп, овојпат на натпреварувањето во Кулм, Aвстрија. Ова беше шеста победа во низа на Превц во светскиот куп, во која стигна со два неверојатни скока каде беше водечки по првата серија со скок од 238 метри, за потоа на воодушевување на фановите во втората серија да скокне уште подобро, со неверојатни 245,5 ...

