Љубителите на македонскиот ракомет ќе можат од своите домови да ги следат сите возбудувања од петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“. Сите натпревари од турнирот во Охрид ќе имаат директен телевизиски пренос на каналите на ТВ Арена Македонија. На теренот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се појават осум екипи, поделени во две групи. Домаќинот ГРК Охрид е во групата „А“ заедно со Египет У20, Војводина и Загреб, додека ...

Вардар 1961 подготовките за новата сезона ги продолжува со серија сериозни тестови во Охрид. „Црвено-црните“ ќе настапат на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, а тренерот Иван Чупиќ очекува дуелите со квалитетни ривали да дадат вистинска слика за моменталните можности на неговата екипа. Хрватскиот стратег втора година по ред го предводи Вардар на овој турнир и верува дека силните натпревари ќе бидат од голема корист во оваа фаза од ...