Кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник на 2 јуни ќе пристигне во Скопје, во рамките на својата балканска турнеја, во фокусот формално ќе бидат европските реформи, но клучната тема сепак е проширувањето на Унијата и подготовките за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан. За властите во Македонија клучно е прашањето дали Брисел почнува да ја менува својата перцепција за македонскиот застој на европскиот пат и дали ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска ја започна својата балканска турнеја во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Тиват во Црна Гора. Во рамките на турнејата, тој ќе ги посети Сараево, Тирана, Скопје, Приштина и Белград. Како што е најавено, Кошта ќе пристигне во Скопје утре, 2 јуни, и ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Главната агенда на претседателот на Европскиот совет, според ...