Работнички во 28.коло од Првата македонска фудбалска лига на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Арсими. По двата порази во низа, од Шкендија и од Вардар, тимот од Дебар Маало сака да се врати во победнички ритам. Победите се апсолутно неопходни во последните шест кола, во кои Работнички ќе се бори за обезбедување опстанок во елитата. Претходната серија од четири првенствени победи започна токму против Арсими на 10 март, ...

Две последни битки во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, кои може да бидат клучни особено во битката за опстанок во „елитата“. Работнички може да направи голем чекор кон опстанок ако го совлада Арсими, и воедно да го „повлече“ тимот од Чегране кон „црвената зона“, а Башкими исто така може да стави „печат“ на опстанокот во дуел со Струга ТЛ, која, пак, се бори да го задржи третото место. Башкими е во добра позиција со триумф денеска ...