Како дел од процесот на поголема дигитализација и полесна достапност на услугите до корисниците Народната банка им овозможи на граѓаните достапност на Извештајот од Кредитниот регистар преку Националниот портал за услуги. Услугата е бесплатна и достапна 24 часа. Дигиталниот извештај од Кредитниот регистар ги содржи истите податоци кои може да ги добиете и од архивата на Народна банка. Со тоа што барање може да поднесете во било кое време од ...

Аплицирање и добивање извештај од Кредитниот регистар дигитално е услуга којашто е достапна за граѓаните 24 часа, седум дена во неделата, на македонски и на албански јазик. За да ја ползуваат оваа услуга, граѓаните треба да отворат свој профил на uslugi.gov.mk . Услугата од Кредитниот регистар се добива бесплатно и преку дигиталниот канал, и со физичко поднесување барање до Архивата на Народната банка, наведува директорот на Дирекцијата за ...