Без разлика дали до среда ќе ги добијат заостанатите две плати или не, работниците во среда излегуваат на протест пред Дирекцијата на ЈП „Национални шуми“. Од државното јавно претпријатие побарале финансиска помош од Владата, но, не ја добиле. Два месеца без плата, здравствено и пензиско осигурување. Неизвесноста на вработените во „Национални шуми“ влегува во нов трет месец, а конкретно решение се уште нема. Тие досега штрајкуваа на работните ...

Преку протест пред дирекцијата на ЈП„Национални шуми“, вработените во претпријатието го искажаа своето незадоволство поради неисплатените плати за последните два месеца. Покрај неисплатените плати, на вработените во ова државно претпријатие не им се платени ниту додатоците за работа на терен, ниту пак надоместоците за пензиско и здравствено осигурување за два месеца. Нив ги поддржаа и колегите од другите градови, односно од сите 30 подружници на ...