Наполи е вториот тим од Италија по Интер кој официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона и тоа откако денеска славеше над „фенерџијата“ Пиза со 3-0. Нашиот Елиф Елмас по подолго време доби шанса за биде стартер за наполитанците, шанса која ја искористи и запиша асистенција при погодокот на дефанзивецот Рахмани. Во листата на стрелци се запишаа и некогашните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Мектоминеј и Хојлунд. ...

По денешните натпревари од 12 часот во Серија А, најголем губитник е Јувентус, кој падна од третата на шестата позиција на табелата, додека Наполи и Елиф Елмас математички го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите. Во ист термин се играа сите клучни дуели за европските позиции, а освен Јувентус, останатите фаворити успеаја да стигнат до победи. Торинскиот клуб на домашен терен доживеа неочекуван пораз од 0:2 од Фиорентина, иако ...