Уште една одлична партија на Мартин Томовски на голот на Битигхајм. Имено вечерва во меч од втората Бундеслига, како гостин Битигхајм славеше кајДормаген со 34:36 а македонскиот голман ја искажа сета своја класа токму кога беше најпотребно, кога се “кршеше“ резултатот и кога се решаваше победникот. Имено при резултат 33:33, на пет минути до крајот, Мартин Томовски успеа да одбрани две клучни топки и со тоа стана херој на својот тим во оваа ...
Битигхајм на Мартин Томовски направи нов исчекор кон остварување на зацртаната цел, пласман во првата германска лига во натпреварувачката 2026/2027. Мартин и неговите соиграчи се изборија за славје над Дормаген од 36-34 (21-19) и остануваат на врвот на табелата со 45 бода, еден повеќе од второпласираниот Балинген и пет од Елбфлоренц. И овојпат Томовски беше меѓу најважните играчи, имаше значајни интервенции во клучните моменти, а на крајот ...

