Поранешниот голман на Вардар, легендарниот Арпад Штербик имал срцев удар, информираше Веспрем преку соопштение. Веспрем потврди дека утринава Штербик не се чувствувал добро, отишол во болница каде што му соопштиле дека имал срцев удар. Во моментов е во добра состојба. -Нашиот тренер на голманите, Штербик Арпад нема да патува со нашиот тим во вторник. Арпи утринава се почувствувал лошо и отишол во болница каде што му е дијагностициран срцев ...

Лоши вести го погодија ракометниот свет, пренесуваат шпанските медиуми, Арпад Штербик (44), ракометниот ас и поранешен голман на репрезентацијата на Југославија и Шпанија, доживеал срцев удар, пренесува „Релево“. Штербик е на одделението за интензивна нега во Унгарија, Веспрем, тимот во кој поранешниот репрезентативец на Србија работи како тренер на голманите. Тој не отпатува на натпреварот од Лигата на шампионите против дански Алборг бидејќи не ...