Нивото на водата на Дунав е значително пониско од нивото на водата во Сава и другите реки во Србија, како и во подземните извори, поради неповолните климатски услови во централна, северна и делумно јужна Европа, каде што оваа година имало недоволно врнежи од дожд и снег, а покрај тоа, има невообичаено ниска влажност на воздухот и големо испарување, како во сушните региони на Блискиот Исток и Африка, изјави денес хидрогеологот Зоран ...

Речни корита кои повеќе потсетуваат на потоци, омекнат асфалт и исушени полиња се моментално највпечатливите слики од сушата во Централна и Југоисточна Европа. Рекордниот недостаток на врнежи од дожд во претходните месеци и летните топлотни бранови веќе предизвикаа сериозна штета на економијата и инфраструктурата низ целиот регион. Во земјоделството, веќе е јасно дека приносите, особено на пченка и сончоглед, ќе бидат значително под просекот. ...