Второлигашот Камјани кој за првпат ќе заигра во Втората македонска фудбалска лига продолжува да се екипира и да го подига квалитетот во сопствените редови. Најново име кое пристигна во редовите на новајлијата е Аљбан Мемеди, кој пристигна од тимот на Брегалница. 22-годишникот со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига, а низ кариерата беше дел од Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, тетовска Шкендија, ...

Второлигашот Охрид го потврди трансферот на Дамјан Масевски, трансфер кој ексклузивно го најави Спортска Мрежа пред неколку дена. Голгетерот Масевски во таборот на „рибарите“ доаѓа од редовите на Брегалница, каде настапуваше изминатата сезона, а со „сините“ од Штип обезбеди пласман во Прва лига. Масевски низ својата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Кадино, Тетекс, Силекс, Пелистер и Детонит Плачковица, а меѓу „рибарите“ е ...