Двократниот европски шампион Вардар, наскоро ќе се врати во својот дом, во култната сала во скопската населба Кисела Вода „Расадник“. По повод враќањето во својот тим „црвено-црните“ започнаа кампања во која за помош ги бараат најверните навивачи. Тие бараат помош од навивачите да ги донираат своите стари дресови од Вардар како би се нашле во трофејната соба во салата, а за возврат ќе добијат нов дрес, сезонски билет, ВИП пристап во салата и ...
Вардар за брзо време треба да се врати во реновираната сала „Расадник“ во Кисела Вода, а во овој „нов објект“ клубот ќе прави трофејна соба, па за реализација на идејата потребна е помош и од навивачите. Имено „црвено-црните“ сакаат да ги соберат сите ретро дресови со кои тимот настапувал низ годините и ги повика навивачите кои имаат стар, оригинален дрес да го донираат во клубот. -Доколку вашиот дрес е сочуван, во добра состојба и се знае од ...

