Автобуската линија 61 на ЈСП наредните три месеци ќе вози со скратена траса поради изведување на градежни работи, поради што наместо до Побожје, последна постојка ќе биде „Кучевиште мост“, информираат од ЈСП Скопје. Како што соопштија од претпријатието, линијата се менува поради градежните активности на мостот во Кучевиште, а изменетиот распоред стапува во сила од денеска и ќе трае три месеци. Според измената, линијата 61 ќе оди од Побожје ...

Од денеска, поради изведување на градежни активности на мостот пред влезот во населеното место Кучевиште, линијата со број 61 ќе биде скратена до постојката Кучевиште мост. Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“-ЈСП велат дека скратувањето ќе трае три месеци. -Со цел граѓаните од населените места Кучевиште и Побожје да бидат навремено превезени и опслужени со јавен превоз од Побожје до Бутел кружен тек и обратно ќе сообраќа автобус со ...