проф. д-р Мимоза РАЈЛ Легендите не умираат… На 4 февруари 1972 година во Скопје, при полагањето венци на споменикот на Гоце Делчев, за неговиот лик и дело зборувал академик Блаже Конески. Тој својот говор го почнал со следните зборови: „Еден обичај не собра да се преклониме пред споменот на великиот син на македонскиот народ, Гоце Делчев. Нè собра за да почувствуваме веднаш дека со овој чин не изразуваме само респект спрема една заслужна ...
Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Егејска ...
Според сеќавањето на Катерина Демерџиева, жителка на с. Баница, тогаш на возраст од 14-15 години, малку фалело за Гоце да ја избегне погибијата во с. Баница. Од она што таа го видела, четниците излегле од куќата околу 10 часот, стигнале до Бакарево гумно, требало да минат уште една полјана и, за жал, тука доаѓа крајот. Турската војска најпрвин сакала да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги заплаши селаните, бил убиен Стојан Попов, ...
Со пригодни манифестации и оддавање почит, денеска се одбележува 123-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, една од најзначајните фигури во борбата за слобода и самостојност на Македонија. Државни делегации, претставници на институции, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред гробот на Делчев, оддавајќи му почит за неговото дело и жртва. Централните чествувања традиционално се одржаа во ...

