Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, испрати поширок список од 55 фудбалери за претстојното Светско првенство, а на него изненадувачки ги нема искусните Алваро Мората и Дани Карвахал. Двајцата долги години беа стандарден дел од „фуријата“, но овојпат останаа без повик поради проблеми со повреди и недоволна минутажа во клубовите. Интересно е дека Мората е официјалниот капитен на репрезентацијата, а негов прв заменик беше токму Карвахал. ...

Луис де ла Фуенте вчера ја испратил прелиминарната листа од 55 фудбалери до ФИФА по повод списокот на играчи за Светско првенство, а денесна угледните шпански медиуми информираат дека еден елитен член на Реал Мадрид и дефинитивно останува без мундијал. Дани Каравахал ја затвора ужасната сезона на најлош можен начин, не само поради тоа што нема да добие нов договор од Реал Мадрид, туку и поради фактот што останува без мундијал. Де ла Фуенте ...