Православните христијани во Македонија и ширум светот го празнуваат најрадосниот христијански празник – Рождеството Христово. Кога се исполни времето, Бог го испрати својот Единороден Син за да го спаси човечкиот род, настан кој ја промени историјата на човештвото и донесе надеж за вечен живот. Според Светото Писмо, настанот се случил во деновите кога кесарот Август издал заповед да се направи попис на целото население во Римското царство. ...

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св. Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот ...