Во најинтересниот натпревар досега на Европското првенство во Скандинавија, во балканското дерби репрезентацијата на Словенија славеше против Црна Гора во меч со 81 погодок, 41-40. Ова беше натпревар со најмногу погодоци на еден континентален шампионат. Двете репрезентации одиграа еден израмнет меч во кој на крајот за нијанса подобри беа Словенците. Макуц и Новак со по девет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените ...

На отворањето на Европското првенство во ракомет за мажи, во драматичен дуел меѓу Словенија и Црна Гора, постигнат е рекорд што ќе остане запаметен во историјата на шампионатот. Двете репрезентации одиграа натпревар со вкупно 81 постигнат гол - најмногу во историјата на Европските првенства. Иако Црна Гора загуби со тесни 40-41, еден од најистакнатите моменти беше настапот на Бранко Вујовиќ. Десниот бек на црногорскиот тим постигна 11 ...