Навивачката група Чкембари од Битола објави соопштение во кое ја критикува ситуацијата во фудбалскиот клуб Пелистер на кого му се заканува преселба во втора лига. „ЧАСОВНИКОТ ПОЧНА ДА ОДБРОЈУВА, ОПАМЕТЕ СЕ ИЛИ СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА РИГОРОЗНИ МЕРКИ! Кога е времето за црвен аларм во клубот? На три кола пред крајот? На две? Или на едно? Најавен беше бомбастичен буџет, а добиваме уште побомбастично разочарување како што се ближи крајот на сезоната. ...

Часовникот почна да одбројува, опаметете се или спремете се за ригорозни мерки. Со овие зборови навивачката група Чкембари со соопштение се обрати до раководството на фудбалскиот прволигаш Пелистер, изразувајќи незадоволство од резултатите оваа сезона. Во реакцијата по ремито на домашен терен против Силекс (0-0), битолските навивачи предупредуваат дека „часовникот почнал да одбројува“ и бараат итни промени, посочувајќи дека моменталниот ...