Италијанецот Јаник Синер се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата. Вчера, Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на турнирот на земјена подлога во Монте Карло Мастерс. Синер се врати на првото место за прв пат од ноември 2025 година, додека Алкараз падна на второто место. Топ 10 тенисери на АТП ранг-листата објавена на 13 април: 1 (2). Јаник Синер (Италија) – 13.350 ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер повторно е број еден во светот, откако со триумфот на Мастерсот во Монте Карло го симна од врвот Карлос Алкараз. Синер со новата титула дополнително ја зацврсти формата сезонава, стигнувајќи до вкупно 13.350 поени, што е значителен скок во однос на претходната недела. Од друга страна, Алкараз не успеа да го повтори успехот од минатата година во Монте Карло, па загуби вредни бодови и се симна на втората ...