Како што наведуваат од Охрид СОС во забелешните на предложениот закон, составот на Комисијата во која членуваат избраници на министрите и општински бирократи ја поткопува нејзината функција како стручно и независно тело и не може да го гарантира интегритетот и независноста потребна за управување со светското наследство. „Без редефинирано, експертско и независно членство на Комисијата, законот ќе остане формален и неефикасен, неспособен да ...
Иницијативата Охрид СОС најде повеќе недостатоци и слабости во Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Со овој предлог, според активистите, светското наследство не се третира како интегрален систем, туку институционално раздвоено – природно и културно. „Во предлог варијантата останува клучниот проблем – управувањето и контролата се распарчени меѓу различни органи, без воспоставен јасен и ...

