Ескалација наместо деескалација, нестабилност наместо оптимизам. Првично проектираниот рок на американската администрација дека сe ќе заврши за четири недели, војната на САД и Израел против Иран од денеска влегува во втор месец. Техеран утрово изврши напад врз цели во регионот на Блискиот Исток, една од нив беше американската база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на два извора во САД кои ...
Иако претседателот Доналд Трамп изјавува дека преговорите со Иран се при крај, а иранската армија е речиси целосно уништена, САД трупа војска во регионот. Илјадници американски елитни падобранци пристигнуваат на Блискиот Исток и им се приклучуваат на илјадници морнари, маринци и специјални сили кои веќе се распоредени таму. Од друга страна и Иран ги зајакнува и распоредува копнените сили. Во меѓувреме меѓусебните напади продолжуваат со ...

