Рафаел Леао повторно го постигна победничкиот гол за Милан на гостувањето против Калјари, но и покрај трите бода тренерот Алегри не пропушти да го критикува португалскиот голгетер за она што го покажа на мечот одигран синоќа на Сардинија. Леао почна како централен напаѓач, но на периоди се селеше на левата страна во офанзивната линија, дел од мечот што воопшто не му се допадна на Алегри. „Кога игра на левата страна, Леао има навика да заспие ...
Рафаел Леао пропушти доста натпревари на Милан поради повреда од стартот на сезоната, но новата 2026-та година ја започна на најдобар можен начин, односно со јуначки чин на тешкиот натпревар против Калјари. Во пресметка која не изобилуваше со премногу шанси и допадлив фудбал, погодокот на Леао во раната фаза на вториот дел се покажа како клучен за нова победа на Милан, а вчеравечер Португалецот повторно беше поставен како централен напаѓач, ...
Милан го доби сооочувањето со Калјари (1-0) и дојде до првото место на табелата во италијанската Серија А. Голот на повратникот Рафаел Леао се покажа како доволен за 11. славје во сезоната, триумф со кој Милан на идеален начин влезе во 2026 година. Тренерот Масимилијано Алегри е среќен поради резултатот, но во исто време посочува дека има работи кои мора да се корегираат. -Работиме добро и имаме група технички добри играчи со исклучителни ...

