Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ заедно со нашата позната и популарна поп дива Калиопи, ќе одржат заедничка прес-конференција по повод соработката и објавувањето на дуетската песна „Знам“, чии комплетен автор е Ромео Грилл. А воедно, со самата промоција на песната ќе биде промовиран и видеоспотот за истата. Промоцијата ќе се одржи на 25-ти април со почеток во 12 часот во „АудиоКултура“ во ...
„Знам“ е насловот на дуетската песна на Калиопи и нејзиниот српски колега Жељко Самарџиќ. Соработката всушност значи и заокружување на четиридецениското пријателство, а интересно е дека песната е авторско дело на поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил. – Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, ...