Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, направи втора магнетна резонанца на десното колено која не покажа структурни оштетувања, но се очекува двократниот МВП на НБА да пропушти уште најмалку пет натпревари пред да биде повторно прегледан. 37-годишниот бек последен пат играше на 30 јануари. Дијагностициран му е синдром на пателофеморална болка и нагмечување на коската, позната и како тркачко колено. Тренерот на Вориорс, Стив Кер, рече ...
Најдобриот стрелец во историјата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе биде надвор од стројот уште најмалку десет дена поради болки во десното колено. Иако резултатите од магнетната резонанца се чисти и не покажуваат структурно оштетување, коленото продолжува да му прави проблеми на лидерот на тимот. Оваа пауза носи и една болна реалност за Кари. Со оглед на тоа што досега одигра само 39 од 55 натпревари, а сега ќе пропушти уште најмалку ...

