Силните снежни врнежи попладнево донесоа нови рестрикции за сообраќајот на планинскиот превој Стража. Поради влошените временски услови, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, како и во обратна насока. Од јавното претпријатие „Македонијапат“ информираат дека мерката стапила на сила од 17 часот, со цел да се избегнат застои, сообраќајни незгоди и дополнителни компликации на терен. Стража важи ...

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива ...