Фудбалерите на Лацио со многу нерви и драматична завршница стигнаа до победа над Џенова од 3-2 на „Олимпико“, во првиот натпревар од 23. коло на Серија А. Иако „небесно-сините“ имаа целосна контрола и сигурна предност, во краток период дозволија противникот да се врати, но сепак успеаја да ги освојат трите бода во самата завршница. Римјаните го скршија отпорот на гостите во второто полувреме. Педро најпрво беше прецизен од белата точка во 56. ...
На натпреварот Лацио – Џенова кој се игра во моментов, на трибините на „Олимпико“ има само околу 2.000 гледачи, посета слична како во времето на Ковид-19 пандемијата. Навивачите на Орлите од Рим на ваков начин изразуваат протест против лошото менаџирање на клубот од страна на претседателот Клаудио Лотито и слабото трошење пари за засилувања. Фановите на Лацио се собрани на мостот „Понте Милвио“ во близина на стадионот „Олимпико“ каде се игра ...

