Екипата на Кремонезе ги задржа шансите за опстанок во италијанска Серија А, откако на гости ја совлада екипата на Парма со 0-2. Ова беше прв триумф на овој тим оваа година, и прва победа после цели 15 меча без триумф. Двата гола беа во вториот дел. Малех во 54. минута од средбата донесе предност за гостите. Вандепуте во 68. минута уште еднаш ги шокираше домашните фудбалери и симпатизери, и така Креомезе стигна до шестиот триумф сезонава. ...
Фудбалерите на Кремонезе славеа на стадионот „Енио Тардини“ против Парма (0-2), во натпревар од 30 коло од Серија А. Ова беше многу важна победа за гостите од Кремона во борбата за опстанок, засега излегоа од опасната зона и имаат 27 бода, исто колку и Лече, кој игра против Рома во недела. Гостите до големиот триумф стигнаа со два гола кои ги постигнаа во период од 14 минути. Прво, Јусеф Малех постигна гол во 54. минута, а потоа и Јари ...

