Атлетико Мадрид го победи Депортиво Ла Коруња со 0-1 на гостински терен и се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот. Мадридскиот тим славеше на гостински терен со минимален резултат, што беше сосема доволно за пласман во следната рунда и насмевка на лицето на Диего Симеоне. Херој на „јорганџиите“ беше Антоан Гризман, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 61. минута од средбата. Атлетико ќе игра во четвртфиналето со ...

Фудбалерите на Барселона сепак потешко од очекуваното се пласираа во четвртфиналето на шпанскиот Куп на кралот откако на гостински терен во четвртокот вечерта го победија второлигашкиот тим Расинг Сантандер со 2:0. За разлика од Реал Мадрид, кој беше шокантно елиминиран од Албасете, 17-тиот тим во „Сегунда“, Барса не дозволи изненадување. Водечкиот тим во втората лига се бореше добро, но Барса на крајот победи со 2:0. Стрелци беа Феран Торес ...