Министерот за финансии Скот Бесент во објава на социјалните мрежи вчера изјави дека треба да се преиспита одлуката за реновирање делови од седиштето на Федералните резерви (Фед) во Вашингтон. „Иако немам знаење или мислење за правната основа за масовно реновирање на зградите што се преземаат на авенијата ‘Конститушн’, треба да се преиспита одлуката за спроведување таков проект од страна на институција што пријавува оперативни загуби од повеќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна да го разгледа градилиштето на американската централна банка, зграда чие реновирање предизвика негодување во неговите редови и која самиот тој постојано јавно ја исмеваше поради нејзината цена. Појавувањето на Трамп во бел шлем и костум доаѓа во време кога тој продолжува да лобира кај претседателот на ФЕД, Џером Пауел, драстично да ги намали каматните стапки, убеден дека инфлацијата не е проблем. ...