Откако пред два месеци пропадна изборот на шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, сега повторно е објавена листата на пријавени кандидати. За разлика од првиот пат, кога имаше пријавени седум кандидати, сега листата е составена од петмина. Пријавени се обвинителите Енѓелуше Кадриу Леши, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Јасмина Костеска Здравеска, како и Теута Бедиу Рамадани. Сите пријавени кандидати се со долгогодишни обвинителски кариери. ...
Вишото јавно обвинителство ќе биде исправено пред предизвик суштински да ги анализира причините за драматичниот пресврт меѓу иницијалниот наратив за истрагата за мазутот и одлуката на Обвинителството за нејзино запирање, односно да ги разреши дилемите во јавноста зошто од случај за кој се тврдеше дека има криминал од над 160 милиони евра, се претвори во случај без штета. Директорот на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски ...

