Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...
Во моментов околу 35 дечиња коишто се соочуваат со некаква болест или се на болничко лекување не можат да следат настава со физичко присуство, па наставата ја следат онлајн. Со воведувањето на формално образование се обезбедува континуитет на воспитно – образовниот процес на учениците кои се на болничко лекување повеќе од три недели. Зависно од здравствената состојба, учениците можат да се вклучат онлајн на наставата во својот клас, да се ...

