По последниот натпревар од регуларната сезона, суперѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо не беше сигурен дали го одиграл својот последен натпревар за клубот. „Не знам, веќе не зависи од мене. Не зависи од мене. Ќе видиме“, рече грчката ѕвезда. Кога беше прашан дали би се согласил на продолжување на договорот доколку сè уште е со тимот во октомври, Адетокумбо не ја исклучи таа можност. „Ќе видиме кога ќе стигнеме до таа точка. Октомври е за ...
Милвоки остави зад себе ужасна сезона во НБА лигата и истата ја заврши со биланс од 32 победи и 50 порази, учинот кој сосема очекувано не беше доволен за плејоф. Бакси до пред некоја сезона важеа за најдобар тим во НБА лигата и успеаја да освојат шампионски прстен, но последните три години се навистина турбуленти, за што говори и третата смена во исто толку сезони. Док Риверс ја заврши својата работа како тренер на Милвоки по последниот пораз ...

