Google развива Android PC со Gemini AI и Google асистент, а првите компјутери се очекуваат веќе во 2026 година. Google официјално најави дека Android во иднина нема да биде ограничен само на телефоните, туку дека се подготвува и влез во светот на лаптоп и десктоп компјутерите. Рик Остерхло, потпретседател на Google за хардвер, откри на Qualcomm Snapdragon самитот дека е во развој нов проект: компјутер базиран на Android оперативниот систем. ...

Нешто што започна како гласина, подоцна беше потврдено од страна на Google, сега повторно добива уште една потврда која укажува на тоа дека наскоро можеме да видиме нешто конкретно. Google во основа планира да има само еден оперативен систем, без разлика на уредот на кој работи, па ChromeOS веќе нема да се користи за лаптоп компјутерите, односно ќе дојде до спојување со Android. Ова е нешто што ќе донесе доста голема предност за корисниците, а ...