Екипата на Барселона ја оправда фаворитската улога и со сигурна победа на гостувањето кај Нант направи голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Келн во рамки на Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант славеше со 30-32, во натпревар во кој домаќинот парираше само во првото полувреме. Нант одигра храбро и ефикасно во првите 30 минути, па на паузата имаше минимална негатива (18-19), во дел од играта во кој беа постигнати дури 37 голови. ...

Предводени од Алеикс Гомез со девет голови, ракометарите на Барселона стигнаа до триумф на гостувањето кај Нант со 32-30, и така се стекнаа со одлична предност пред реваншот на домашен терен, кој им гарантира дека може да се пласираат на фајнл-форот. Двете екипи се менуваа во водство, а првата поголема предност Барселона ја направи кога водеше со 6-9. До крајот на полувремето шпанската екипа не направи поголема разлика од два гола, за на ...