Арсенал сака дополнително да го засили својот напад, а прва трансфер мета е Хулијан Алварез, аргентинската ѕвезда која со успех настапува за Атлетико Мадрид. Алварез има богато искуство со настапите во Премиерлигата каде во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити, но издејствува трансфер во „граѓанските“ редови поради незадоволството со животот во Англија. Фактот дека тој ужива во Шпанија, а воедно и е трансфер желба на Барселона ја прави ...

Каталонскиот гигант Барселона ја има поставено својата главна цел за следниот преоден рок - тоа е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид! Информацијата ја потврдија повеќе шпански медиуми. Со оглед на тоа што легендарниот Роберт Левандовски ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, Барселона бара ново решение во нападот, а Алварез се смета за идеален наследник поради својата техника, брзина и способност да постигнува голови. Раководството на ...