Од самиот старт до крајот на излагањето на воведните зборови од обвинителката во судницата, насилникот Стојанче Јовановски се смеел и мафтал со глава во знак на негодување, а во делот кога обвинителката кажала како настапила смртта со прекин на мозочните и другите витални функции кај Ивана и Катја по падот на бетонот пред висококатницата, тој се наведнал на клупата, покривајќи си го ликот. Во воведните зборови, обвинителката цитирала ...

Морничава атмосфера денеска во Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на судењето против Стојанче Јовановски. Додека обвинителката Адела Бојчевиќ ги читала воведните зборови и деталите за тоа како Ивана и нејзината 6-годишна ќерка Катја починале по падот на бетонот од шести кат, обвинетиот Јовановски се смеел и мафтал со главата во знак на негодување. Сепак, во моментот кога биле опишани смртоносните повреди и прекинот на мозочните ...