Судскиот процес по обвинителниот предлог во кој се опфатени три лица треба да започне на 2 март, додека за оној во кој се обвинети деветмина полициски служби е закажан три дена подоцна, односно на 5 март. Судењата ќе се одвиваат во судницата 1 во скопскиот Основен кривичен суд За обвинението против 13 полициски службеници сè уште не е закажан почетокот на судењето бидејќи предметот треба да го помине филтерот пред Советот за оценка на ...
На почетокот на март стартуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 повредени. Полицајците за кои се закажани судењата се товарат за злоупотреба на службената положба, додека за 13-те полицајци кои се обвинети за директна поврзаност со трагедијата обвинението се уште не е оценето. Според информациите од Кривичниот суд на 2 март на обвинителна клупа ...
Следниот месец почнуваат две судења за полицајците поврзани со трагедијата во дискотеката Пулс, обвинети за злоупотреба на службената положба. Во една постапка се опфатени тројца полицајци кои изминативе години влегувале во „Пулс“ и пишувал прекршочни пријави против неактивна фирма на сопственикот Дејан Јованов Деко, со цел тој да не плати глоба. Во другиот предмет опфатени се девет полицајци. И тие години наназад доаѓале во дискотеката ...
По најголемата трагедија што ја потресе Македонија, следниот месец почнува судењето за 12-те полицајци поврзани со случајот „Пулс“ во Кочани, обвинети за злоупотреба на службената положба. Во меѓувреме, обвинението против уште 13 полицајци за тешки дела против општата сигурност е на оценка во Кривичниот суд, додека трае процесот против вкупно 35 обвинети за пожарот. Семејствата на жртвите и јавноста очекуваат одговори и правда за една од ...

