Мамаду Кулибали со ѕверски фаул над Николас Таљафико му направи лоша услуга на својот Монако, оставајќи го со човек помалку на дербито од француската лига против Лион. Кулибали ја крена ногата високо и со крампоните го удри противникот по главата и вратот, па за бруталноста доби директен црвен картон. Фаулот погледнете го ТУКА. Вчера уште еден фудбалер со презиме Кулибали се истакна со грубост поради која беше казнет со заслужен црвен картон. ...

Фудбалерите на Монако загубија од Лион (1-3) во натпревар од 17. коло на француската Лига 1. Сепак, натпреварот го одбележа еден навистина неубав потег кој беше дело на Мамаду Кулибали. Течеше 70. минута кога играчот за врска сакајќи да дојде до топка со отворен ѓон го удри Николас Таљафико во пределот меѓу градите и вратот. Главниот судија на средбата немаше двоумење и веднаш му покажа црвен картон на Кулибали за овој старт. Фудбалерите на ...