"Пиштол и цвеќе" Будимка Поповска својата колекцијата од слики и песни ги именувала како „Супа од чиопа“. Супата е толку вкотвена во македонската и општо балканската кулинарска традиција што таа е нераскинлив дел од колективната свест. Сеќавањето на супата која мајките ни ја правеле уште во детството и често било првото готвено јадење што сме го пробале оди со низа меморирани впечатоци кои навлегуваат и во метафизичкото. Се разбира и со ...

Стотина цртежи, меѓу кои и песни под името „Супа од чиопа“ од авторката Будимка Поповска, вечерва, на 28 февруари, ќе бидат изложени во галеријата „Метаноја“. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, а ќе биде достапна за посетителите до крајот на март, годинава. Милков дополнува дека секоја слика од изложбата, посебно и колективно, е сведоштво на непобедливоста на човечката способност да се надева и да го даде своето најдобро како жртва и подарок ...