Помошта од државата за купување на стан од млади брачни парови, најверојатно, ќе оди низ два специјални закона во собранието кои веќе се работат, најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Бутел. „Со првиот закон, брачните парови до 35 години ќе добијат право да добијат станбен простор кој што ќе биде по цена од 20 отсто пониска од онаа просечната, пазарната, во односната катастарска општина во претходната година“, ...
Владата подготвува два закони со кои ќе се регулира државната поддршка за младите брачни парови при решавањето на станбеното прашање. Првиот закон ќе овозможи брачните парови на возраст до 35 години да купат стан по цена за 20 проценти пониска од просечната пазарна цена на становите во соодветната катастарска општина, додека вториот предвидува ослободување од плаќање комуналии за изградба на куќа, информираше денеска премиерот Христијан ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави три клучни законски решенија за поддршка на младите, со кои се предвидува млади брачни парови до 35 години да купуваат станови по најмалку 20 отсто пониска цена или да градат куќа без комуналии, а студентите да добијат картичка со 20 проценти попуст преку апликацијата „М-услуги“. Поевтини станови за најмалку 20% и ослободување од комуналии за млади брачни парови Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, првата мерка е ...

