Екипата на Башкими со ефикасно реми против Македонија Ѓорче Петров (3-3) ги реши сите дилеми пред влезот во последното коло од Првата македонска фудбалска лига. Кумановчани и „лавовите“ одиграа динамичен и ефикасен натпревар, а бодовите на крајот се поделија, иако гостите може да жалат што не победија. Така, Башкими заедно со Арсими уште ова коло си обезбеди елитен статус и понатаму, а Пелистер и Брера Струмица завршија во баражот. Околу ...

Вистински фудбалски спектакл со шест погодоци, пресврти, промашен пенал и драматични ВАР-одлуки одиграа екипите на Башкими и Македонија Ѓорче Петров со резултат 3:3. Иако кумановци (кои поради суспензија на својот терен овој меч го играа во Гостивар) пропуштија предност од два гола, на крајот освоениот бод значеше и официјално осигурување на опстанокот во Првата македонска лига. Али Адем излезе „очи во очи“ со домашниот чувар на мрежата ...