Веднаш по завршувањето на мундијалот следуваше и продолжението на сезоната во американската МЛС-лига, а во центарот на вниманието беа двете европски ѕвезди кои неодамна дојдоа во САД, Антоан Гризман и Роберт Левандовски. Гризман по добро ќе го памети своето деби, откако неговиот тим Орландо Сити го декласираше составот на Сан Хозе со 4-0, меч на кој и самиот Французин успеа да се запише меѓу стрелците, погаѓајќи мајсторски за водство од 3-0. ...

Две големи фудбалски ѕвезди Роберт Левандовски и Антоан Гризман дебитираа за своите клубови во МЛС лигата со тоа што нивниот учинок и резултатот на екипите за кои настапуваат беше сосема различен. Левандовски го облече дресот на Чикако Фајр и во првиот меч не успеа да се наметне, поточно ја загуби битката со Интер Мајами. Луис Суарез беше човекот кој беше во елемент, даде два гола за актуелниот шампион, директно учествуваше и во третиот во ...