Уставниот суд одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик. Собранието на почетокот на годината ги изгласа измените по укажувањата од судот, откако претходно рокот го пробија за неколку месеци. Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, вели дека мнозинството судии сега ценат дека новото решение е далеку од идеално, но и далеку подобро од претходното. „Пречестото менување на законите е тешка ...

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Иницијативите од пет подносители бараа оценка на уставноста поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, но мнозинството судии одлучи дека не се ...