Манчестер јунајтед доживеа пораз од Лидс јунајтед на домашен терен од 1-2 во контроверзниот натпревар за крај на 32. рунда во Премиерлигата. Домаќините со право се гневни на главниот судија Пол Тирни кој му покажа црвен картон на Лисандро Лопез за минимално влечење на косата на Калверт Луин во ситуација во која Аргентинецот доби удар во лицето од фудбалерот на Лидс кој не доби ниту опомена. По мечот капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш ја ...
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, беше лут по натпреварот со Лидс. „Белите“ од Јоркшир славеа на „Олд Трафорд“ со 1-2, а „црвените ѓаволи“ играа со десетмина од 56. минута, откако Лисандро Мартинез беше исклучен. Судијата Пол Тирни одлучи да му покаже црвен картон откако аргентинскиот стопер го влечеше за косата Доминик Калверт-Луин. „Нема да зборувам за судиите, бидејќи ако зборувам за судиите ќе бидам во голема неволја. Правилата ...

