Европските текстилни и модни компании денес предупредија дека кинеските платформи како што се „Шејн“, „Тему“ и „АлиЕкспрес“ го преплавуваат пазарот со евтини и нискоквалитетни производи, создавајќи нелојална конкуренција, штети врз животната средина и придонесувајќи за лоши услови за работа. Во заедничко писмо до Европската комисија, индустријата бара итна акција против појавата на „експресна мода“ – бизнис модел на копирање на најновите ...

Неколку европски федерации на производители на текстил и облека заеднички бараат од Европската Унија (ЕУ) итна акција против подемот на „експресната мода“ – бизнис моделот на копирање на најновите трендови во високата мода, масовно производство по ниска цена и брзо пласирање во малопродажба кога побарувачката е најголема. За да се запре „невиденото зголемување на текстилниот отпад“ и „неподносливиот притисок врз европските компании“, ...