Добивај вести на Viber Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. галерија. Галериите на автопатите се специфични градежни објекти кои наликуваат на тунели, но со едната страна (најчесто онаа кон провалијата или падината) се отворени или имаат столбови. Тие се клучни за ...

На автопатот Кичево-Охрид од Коридорот 8, проблемот со 14. свлечишта кои се појавија и дополнително го одложија неговото завршување, се решава со т.н. галерии. Станува збор за комплициран инженерски потфат. Автопатот, кој се гради 12 години, треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач Синохидро склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра. ...